13 Годишно дете измисли систем против напади од лав

richard turere

Richard Turere е детето што изнајде генијален начин како да си го спаси родното село во Кенија, од постојаните напади од лавовите, и тоа без да ги повреди.

Во селото од каде што доаѓа Richard единствениот прилив на средства и храна е добитокот. Меѓутоа, не е лесно да одгледуваш добиток среде саваната каде живее кралот на животните- лавот. Инстинктите го тераат лавот да лови, а добитокот му се гледа како лесна храна, па селото и селаните се изложени на постојани напади од лавови.

Richard почнал да го чува стадото кога наполнил 9 години, и тогаш прв пат ја видел реалната закана од нападите. Започнал да размислува како да ги исплаши лавовите за да не му го напаѓаат стадото навечер. Пробал да стави плашило за да ги излаже дека е човек, меѓутоа лавовите се интелегентни животни па брзо сфатиле дека страшилото не се движи и неможе да биде човек.

Photograph by Brandon Harris

Photograph by Brandon Harris

Тогаш забележал дека лавовите се плашат од нешто друго, светилки кои трепкаат. Тој самиот монтирал ЛЕД светилки околу имотот долж целата ограда и ги поврзал на акумулатор од кола напојуван од соларни панели на кој пак ставил индикатор за да трепкаат светилките. Идејата била успешна, лавовите се плашат од светилки кои трепкаат и бегаат.

Richard успешно наместил ваков трепкачки систем и кај своите соселани кои биле воодушевени.

И додека за возрасните од неговото село единствено решение беше убивање на лавовите, 13 годишно дете изнајде тотално ненасилно, просто и едноставно решение за успешен соживот помеѓу луѓето и лавовите во Кенија. Алал да му е и да ни поживее уште многу години!

Е.Н.

Source: TED 

About these ads